Резултатите од анкетата на Ohridnews околу идејата за изградба на платформи за плажи на кејот, недвосмислено покажуваат дека граѓаните знаат што е добро за Охрид , смета Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.
– Резултатите покажуваат дека охриѓани ,знаат што е вистинското добро за Охрид , знаат кои се вредностите на градот и езерото и дека нема да дозволат узурпација на она што е нивно и бесценето . Охриѓани се идентификуваат со својот град со езерото , со јавното добро , покажуваат дека се загрижени заради деградацијата од секаков вид но покажуваат и дека знаат да се мобилизираат во интерес на Охрид. Охрабрен сум од аспект на заштитата на градот и езерото што сограѓаните јасно препознаваат кои се штетни идеи а кои добри насоки. И тоа секој носител на власта мора да го почитува, изјави Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.
На анкетното прашање на Оhridnews: „Дали на градскиот кеј треба да се изградат плажи?“, 2229 читатели, или 72 проценти, одговориле со „Не“, додека за идејата се изјасниле 527 читатели или 17 отсто од анкетираните, 227 читатели или 7 проценти сметат дека при евентуална реализација на идејата треба да се внимава на еколошкиот аспект, додека 4 отсто, односно 114 анкетирани, сметаат дека за идејата треба да се произнесе стручната јавност.
Во анкетата беа вклучени 3097 читатели на Ohridnews.
Се поголем е бројот на ученици кои се запишуваат во дуалните паралелки во трите средни стручни училишта во Охрид Овој позитивниот тренд, за жал, не соодетствува со задржување на младите во Охрид и ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10” на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Електронски комуникации во кој што е предвидено да се забра...
Во текот на јануари оваа година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во водите на Охридското Езеро, самостојно, но и во соработка со Државниот инспект...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.