Со десет нови имиња охридскиот брод ќе заполови во натпреварите од второлигашката конкуренција која започнува викендов.

Во зимскиот преоден рок рокада имаше и на тренерската позиција па во продолжението на првенстовото со Охрид ќе шефува Гони Мерко. Повратници во охридскиот табор се Дејан Лескароски (Силекс), Сашо Ѓорески (Брно), како и Александар Бакулески (Локомотива).


Нови имиња во Охрид се напаѓачот Јакимоски (Македонија Ѓ.П.) браќата Вангел и Марјан Алтипармакоски, потоа голманот Филип Кралевски и Алтин Лога од Работнички, Клечакароски (Турново) а последен на листата е Шабани од Милано кој за да го облече охридскиот дрес ќе мора да ги почека документите од Милано не информираше претседателот на клубот Сашо Алче.

Охрид по првиот дел од сезоната има 23 бода девет помалку од лидерот Слога Ј.

Во првото коло од шампионатот Охрид на домашен терен го пречекува Кожув кој го предводи поранешниот играч на Охрид Мирослав Ѓокиќ.

М.П.