Охриѓани денеска масовно се одзваа на граѓанската акција за пошумување што се одвиваше на локалитетите Мауцкер, Требеништа и на Славеј планина. На Мауцкер и во Требеништа вкупно беа посадени 20.000 садници. Додатни 30.000 двца посадија припадниците на АРМ на Славеј Планина.
Уште од раните утрински часови илјадници ученици и граѓани се упатија кон посочените локалитети каде засадија дрвце. На акцијата и се приклучија голем број познати личности од јавниот и политичкиот живот, компании и институции.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески искажа задоволство од масовниот одзив на охриѓани во акцијата. Да имавме 100.000 илјади садници толку ќе засадевме, рече Петрески кој самиот засади неколку дрвца.
Повеќе дрвца засади и министерот за финансии Трајко Славески, кој оцени дека денешната акција ја покажува високата свест на граѓаните за заштита на природата. Понатаму овие дрвца треба да се чуваат, посочи Славески. Дрвца засадија и повеќе пратеници од Охрид и други политички функционери.
Амбасадорот Јордан Плевнеш посака денешната акција да биде успешна и дрвцата кои ќе се засадат да се фатат и по стотина години да бидат однесени некаде во светот како што тоа пред 4 века го направил познатиот барон Александар Бели кој испратил 1000 бели борови за изградба на подводните столбови во Лисабон.
Во граѓанската акција „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“ предвидено е да бидат засадени над 2 милиони садници.
Видео: http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=4047
ohridnews