Охриѓани масовно се одзваа и на продолжението од граѓанската иницијатива за пошумување, што денеска се спроведува низ целата држава. Во  акцијата „Засади ја својата иднина – Ден на дрвото“, што денеска се реализираше на  два пункта во „Мауцкер“ на околу 13 хектари беа  засадени 25.000 дрвца чемпрес, јасен, орев и дуглазија.



Охриѓани масовно ја засадија својата иднина

Покрај граѓани во акцијата се приклучија и поолитичари, министри, локални фукционери и јавни личности. Меѓу нив беше и министерот за финансии Трајко Славевски кој верува  дека акцијата ќе биде успешна „ Одредени делови од западниот дел на Македонија се под снег, но експертите по шумарство оценуваат дека ова е идеален период за пошумување, затоа што зелените дрвца во овој период полека се развиваат и веројатноста дека ќе се фатат е поголема отколку минатиот пат“ рече Славевски. Покрај министерот Славевски, во акцијата се вклучи и заменик министерот за информатичко општество, Мирјана Секуловска, како и пратениците од Охрид Цветко Грозданов и Владо Стефановски.



Министерот Славевски ги засука ракавите

Акцијата ја поддржа и локалната самоуправа, а градоначалникот, Александар Петрески, најави дека општината ќе покрене слична иницијатива за пошумување која би се спровела на пролет.


И градоначалникот Петрески дел од акцијата за пошумување

Во претходната акција за пошумување што се спроведе пролетта во охридско беа засадени околу 50.000 дрвца.


да никне иднина

адвокатот Балабан со љубимецот

Бисерџијата Климент Талев со внуците

Младиот музички талент Миланка

Поубавиот дел од акцијата

Ohridnews