СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46 годишен охриѓанец  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 4-ти април 2015 година од страна на полициски службеници е извршен претрес во домот на пријавениот при што се пронајдени пет семки канабис и 0,4 грама мешавина на марихуана и тутун.

Исто така СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 21-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 6-ти ноември 2014 година, во Охрид на ул. „Даме Груев“ од страна на полициски службеници е извршен преглед над пријавениот при што се пронајдени 0,7 грама марихуана.

OhridNews