СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца охриѓани на возраст од 30 и 31 година, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
При извршен преглед на плажата „Оревче“ од страна на полициски службеници кај едно од лицата пронајдени се и одземени три рачно изработени цигари со 1,14 грама мешавина од тутун и марихуана, кои претходно ги набавил од другиот охриѓанец за сума од 1.000 денари. По ова, извршен е претрес во домот на охриѓанецот кој ја продавал марихуаната каде се пронајдени и одземени две зипер кеси со 2,26 грама марихуана.
OhridNews