Охридскиот таеквондо клуб Хваранг – фист ќе биде дел од семинарот во Умаг, Хрватска на покана на претседателот на Интернационална Таеквондо Федерација, Гранд мастер Чои Јунг Хва 9 дан, син на покојниот основац на Таеквондото, генералот Чои Хонг Хи.

По семинарот на “мастерот“  ќе се одрзи УМАГ – TAEKWON-DO CHALLENGER 2010, на кој се пријавени 16 земји од Европа, Африка и Азија.

Нашата држава ке ја претставуваат:Трајческа Ана Марија I дан, Симоноска Емилија I дан, Јосифоски Филип I дан, Грозданоски Климент, Јосифоски Стефан и Јосифоски Ацо IV дан, како тренер и натпреварувач.

Ова за нас ке биде последна проба пред почетокот на подготовките за Светското првенство во јули оваа година во Јужна Кореја, на кој се надеваме дека и наша екипа ќе земе учество со помош на сите подржувачи на спортот, кој треба да биде амбасадор на нашата држава, а не фабрика за производство на афери и скандали – вели тренерот Јосифоски

Натпревароти ќе се одвиваат во борби, форми (борба со замислен противник) и специјални техники (кршење на даски со нога во височина и во далечина) и тоа во категориите, кадети од 7 до 10, кадети од 10 до 14, јуниор-ки 14 до 17 Сениори + 18, како и  Ветерани 35 – 43 години.

М.П.