Повеќе од 1000 гледачи проследија првите два четвртфинални натпревари во Купот на Македонија, кој се одржува во Охрид.

Искусните кошаркари и репрезентативци на МЗТ Скопје, Фени, Струмица и Кожув беа „мамка“ за охриѓани да одвојат време и да проследат елитна кошарка.

Од Кошаркарската федерација на Македонија се задоволни од одзивот на првиот ден од 22-то издание на Купот на Македонија.

Тие „бум“ од охридската публика очекуваат на 1/2 финалињата кои на програмата се в сабота и на големото финале кое е закажано за в недела во 17:30 часот.

Мх.П.