Најмногу гладни има воАзија – 642 милиони, следи Африка со 265 милиони, Јужна Америка 53 милиони…
Гладни и сиромашни има и во нашата земја и во нашиот град. Се проценува дека околу 1500 семејства во Охрид се социјално загрозени или живеат на раб на егзистенција.
Светскиот ден на борба против гладта Црвениот крст – Охрид ќе го одбележи со кампања за помош на социјално најзагрозените семејства во нашата општина. Под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” , Црвен крст Охрид ќе организита повеќе активности кои ќе бидат насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и шолји за чај. Собраните средства ќе бидат наменети за приготвување на хуманитарни пакети за помош на сиромашните и гладни наши сограѓани.
Во рамки на Неделата на борба против гладта, децата од образовните институции во соработка со локалните самоуправи на Охрид и Дебарца, ќе приготвуваат хуманитарни пакетчиња за своите врсници, другарчиња кои се социјално загрозени. Помогнати од ресторанот Далга и Градинар Охрид, ќе бидат приготвени прехрамбени оброци кои активистите на Црвен крст Охрид во текот на Неделата на борба против гладта, ќе ги дистрибуираат до оние наши сограѓани кои од здравствени, социјални причини или старост, не се во можност сами да приготват оброк.