Сликата комплетно се промени во вториот период. Добрата игра во одбраната овозможи серија 12 -0, по што истиот однос на поени се одржа до полувремето.
Изедначено се играше во третиот период се` до самата завршница кога грешките во организацијата на игра во финишот им овозможија серија лесни поени на гостите.
Поените на Ацев и тројките на Караџов ги одведоа битолчани на плус седум во финишот на третиот период.
Кратко во последниот период гостите успеа да го задржат истиот ритам, следуваше промена на подборо за екипата на Амак, кој предводена од двоецот Фрај – Агоч, прво ја стопија предноста а потоа направија предност за спокоен финиш.
Амак СП – Пелистер 82-78 (14-24, 25-13, 16-25, 27-16)
Спортска сала Билјанини Извори , Гледачи 50, Судии Огненов – Мицкоски
Амак Сп : Богоев, Фрај 13, Стојанов, Совкоски 9, Гамбирожа 12, Саздов 3 , Д.Стојаноски 8,Чубрило 14 ,В.Стојаноски 9 , Кузески, Агоч 14, Вегов