Жители на Охрид се жалат дека на нивните врати секојдневно доаѓаат луѓе и бараат пари, наводно за лекување на нивни близок роднина. Нивниот број се зголемува преку летниот период, кога и фреквенцијата на луѓе во градот е поголема.

Не даваат ниту конкрентни информации за што станува збор и за каков здравствен проблем се работи, ниту се идентификуваат” , вели еден наш сограѓанин и додава: “ Немаат број на жиро сметка, објаснуваат дека сметката им била во странство, најверојатно лажат со цел само да извлечат пари од луѓето”.

Граѓаните кои се нашле во ваква ситуација се вознемирени и бараат совет од надлежните и полицијата како да постапуваат при ваквите случаи. 

Ohridnews