Љубителите на фудбалот во Охрид и членовите на фудбалските школи од Охрид имаа исклучителна можност да се сликаат со трите највредни трофеи во клупскиот фудбал.

Титулите од Лигата на Шампионите, Лигата на Европа и Супер купот на Европа го посетија Охрид како дел од турнејата низ Македонија која означи почеток на финалните подготовки за фудбалскиот спектакл кој ќе одржи на 8 август во Скопје.

Титулите следниве денови ќе прошетаат по други градови низ нашата земја, а на 8 август ќе биде изложен на плоштадот во главниот град.

Фото галерија:

OhridNews