Охридските екипи Охрид Лоте и Охрид имаат водство по првите 45 минути на мечевите од 21 рунда во Втората МФЛ.
Охрид Лоте со голот на Димоски има предност од 1-0 на домашен терен против Еуромилк, додека Охрид има висока предност од 3-0 на гостувањето кај Миравци. Два пати погоди Филип Митрески, а еднаш најдобриот стрелец во лигата Клечкароски. Згора на тоа “рибарите“ имаат играч повеќе на теренот.
Мх.П.