12 Атлeтски клубови од нашата држава викендов учествуваа на квалификациите за финалето на купот на Македонија.

Охридските атлетичари успеаа во четири дисциплини да се пласираат во финалето на купот.

Селман Реџеп во финалето ќе учествува во дисциплините скок во далечина и трискок, додека Славчо Мирчевски само во трискок. Штафетата 4 x 100 во состав Цветковиќ, Павловски, Кафтановски, Селман исто така ќе трча во финалето .

Кај девојките Јулијана Велјановска во финалето ќе се натпреварува во категоријата фрлање диск.

Ohridnews