Охриѓаните Илчо Јоновски и Бојан Ристовски ќе бидат дел од 39 „Златен гонг“ што ќе се одржи на ринговите во Куманово и во Скопје на кој своето учество го најавија преку 40 боксери од странство. Македонија ќе настапи со 11 боксери меѓу кои и Примислав Димовски, Вели Мумин, Фатлум Жута и Димитар Ташковски кои учествуваа и на Светското првенство во Милано.
Своето учество го потврдија боксерите од Албанија (6 боксери), Босна и Херцеговина (3), Бугарија (6), Полска (9), Словенија (2), Србија (3), Романија (2) и за првпат ќе настапат боксерите од Шкотска (6) и од Италија (4).
Првите полуфинални борби ќе се одржат во спортската сала во Куманово утре со почеток во 17 часот, додека финалните борби се на програмата во салата „Борис Трајковски“ во сабота со почеток во 11 часот.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com