Состојбата на помошните игралишта на кое фудбалерите на Охрид ги извршуваат тренинзите и тактичките замисли на стратегот на “белите“ Зоран Ѓорески, ги примора охриѓани на кратко да се преселат во Струга каде ќе тренираат во наредните неколку дена.


Исклучително важни мечеви се пред охриѓани кои се во трката за влез во Првата лига. По принудниот одмор кој уследи поради настапот на аматерската репрезентација , “рибарите“ како лидери ќе гостуваат кај Влазними кој поради казната во Прилеп игра како домаќин, а потоа на “Билјанини Извори“ се игра супер дербито со 11 Октомври.

Од клубот побаравме да најде солуција, не “искинаа“ тетивите, пукаат зглобовите, терените се барут, и не дај боже да треба да паднеш. Топката едвај се контролира и тренизите се претвараат во вистинско мачење – коментираат фудбалерите на Охрид.


Охрид за време на паузата одигра два меча во Струга на теренот на “ФК Караорман“. Против соседот Охрид Лоте загуби со 2-1, додека беше поуспешен од третолигашот Караорман со 4-1. 

 ЈП “Билјанини Извори“  паузата ја искористи за санација на главниот терен каде охридските екипи Охрид 2004 и Охрид Лоте ги играат првенствените натпревари .

М.П.