Кошаркарите на АВ Охрид на гостувањето во Копер против екипата на Сикст Приморска ќе го завршат дебитанскиот настап во јадранската Втора АБА лига. Тимот на Сикст Приморска сигурно ќе биде дел од завршниот турнир, но не се знае на кое место ќе ја финишира регуларната сезона.

– Одиме да го одиграме последниот меч во Втората АБА лига и достојно да се простиме. Научивме многу лекции низ сезоната и мене лично и на сите кошаркари ни беше чест што бевме дел од едно вакво кошаркарско друштво. – изјави Петар Чочороски.

Поради повреди во составот на АВ Охрид ќе отсуствуваат капитенот Антонио Донески, Бранко Јанески и Војче Лефковски. „Галебите“ во пресрет на последната рунда имаат негативен скор од 1 победа 20 порази, додека словенците имаат позитивен баланс 14-7.

Мечот се игра во вторник во 20 часот.

OhridNews