Во првиот натпревар од втората полусезона во Супер лигата охридските ракометари гостуваат во Ресен кај последнопласираниот тим на табелата Преспа.

Охриѓани се во мини криза откако претрпеа три последователни порази од Радовиш, Зомимак и Металург Јуниор. На гостувањето охридскиот стратег Горан Андоновски нема да може на крилото Крсте Андоновски додека настапот на Борче Соколов е крајно неизвесен.

Неделава во редовите на Охрид пристигна засилување во името на Горан Димитровски, кој треба да биде од голема помош во нападот.

За дуелот со Преспа во Ресен организирано патување имаат „Рибарите“ кои се верна сенка на охриѓани сезонава.

Мх.П.