Драматичната победа со поените на Рос Кенет во последните мигови од мечот во Битола против Пелистер (78-77) ги смести охридските кошаркари во позитивната шесторка на табелата во Првата лига.
„Галебите“ и претходно се наоѓаа на шестата позиција, а со вториот триумф во серија во елитата покажаа решителност за местата кои водат во плејофот.
Победи на гостински терен во петтата рунда забележаа уште Карпош Соколи против Кожув и Работнички над Шкупи. Домашниот терен го искористија Фени Индустри и Блокотехна кои славеа над Струмица односно Гостивар.
Резултати: Пелистер – АВ Охрид 77-78, Кожув – Карпош Соколи 78-109, Фени Индустри – Струмица 81-63, Шкупи – Работнички 85-103, Куманово – МЗТ Скопје.
Табела: Блокотехна 10, Карпош Соколи 9, Гостивар 9, Работнички 8, Фени Индустри 8, АВ Охрид 8, МЗТ Скопје 6, Куманово 6, Пелистер 6, Струмица 5, Кожув 5, Шкупи 5.
Двојки: Струмица – Кожув, МЗТ Скопје – Гостивар, Карпош Соколи – Пелистер, АВ Охрид – Шкупи, Куманово – Фени Индустри, Работнички – Блокотехна.
OhridNews