Охридските кошаркари победничкиот чекор во Втората лигата го продолжија и во Гостивар совладувајќи го домаќинот со тесни 82-76 (19-19, 16-22, 24-19, 17-22) во дербито во третото коло.


По трите изедначени четвртини, во последната „сино белите“ ја задржаа смиреноста во играта покрај многуте судиски грешки и тензичната атмосфера која владееше во слата, што им донесе голема победа.

Охриѓани со триумфот против директниот конкурент за првата позиција на табелата го задржаа стропроцетниот ефект во шампионатот.

Со 31 поен најефикасен во охридскиот состав беше Слободан Михајловски, 17 кошеви реализираше плејот Марјан Младеновиќ додека Бранко Јаневски постигна еден помалку.

Во четвртата рунда избраниците на Петар Чочорски пред своите гледачи ќе го пречекаат тимот на Водњански Лисици.

Ohridnews