Десет охридски фанови на најтрофејниот италијанскиот клуб, Јувентус заедно со уште дваесетина од цела Македонија беа ВИП гости на мечот од Серија А меѓу нивните миленици и Емполи.

Тие по завршување на натпреварот се сликаа и дружеа со фудбалерите, а претходно ги посетија богатите простории на еден од најголемите клубови во светот.

– На секој искрен навивач му посакувам вакво искуство како моето. Одблиску да ги видам моите идоли е нешто непроценливо и никогаш нема да го заборавам. Радоста која се доживува во текот на дружењето со фудбалерите неможам да го опишам со зборови. – рече Горан Здравески.


„Црно-белата“ експедиција од Македонија во Торино престојуваше три дена и две ноќи, а покрај посетата на стадионот и мечот ги видоа и знаменитостите на италијанскиот град.


– Фасцинирани сме од убавината на градот и гостопримливоста на Италијаните. Не очекувавме дека ќе бидат топли кон туристите, но се покажа како добра и забавна нација. Сезонава втор пат го гледам Јувентус, но прв пат во својот дом. – додаде Саше Нестороски.


За да биде „црно белата“ бајка комплетна се погрижија фудбалерите на Јувентус кои со погодоците на Тевез и Переира го совладаа Емполис со 2-0.

Михаил Постоловски