Охридските ракометари в сабота со почеток во 19 часот против тимот на Металург 2 ќе го одиграат третиот меч по ред на домашен терен во Супер лигата.
За разлика од двата претходни ривали кои по голема борба паднаа во Охрид, Вардар Јуниор и Работнички составот на Металург 2 треба да биде лесен залак за „гладијаторите“.
Петте победи во серија во Супер лигата ги прави охриѓани големи фаворити и се освен убедлива победа во „Билјанини Извори“ ќе биде изненадување.
До крајот на година охриѓани ќе одиграат уште четири мечеви, а останатите четири од втората полусезона на програмата се следната година.
Ohridnews