Охриѓани се покажаа како тврд орев за Кичевски Напредок на чија  клупа седи охриѓаницот Драган Бочески. И покрај солидниот отпор сепак второлигашот на крај забележа уште еден пораз во подготовките за новата сезона.

По првите 45м. без голови, кичевчани го скришија отпорот во финшот на натпреварот ,за да на крајот постигнат убедлива 3-0 победа .

Продолжува серијата без пораз на Силекс на подготвките во Охрид.

По победите над Вардар 1-0 и Охрид 2-1 ,избраниците на Марјан Секулоски мораа да се задоволат со реми 2-2 против новиот вторилигаш Дрита од Боговиње . На два пати кратовци имаа водство 1-0,и 2-1 преку Аксентиев и Натков,но тетовци за реми се изборија со голот од пенал на Бериша во 88  мин.

Во сабота кратовчани ќе го играат последниот пријателски натпревар во Охрид против Напредок со почеток во 18 ч. 

М. Постоловски