За време на јануарските празници, охриѓани во просек потрошиле повеќе од една плата. Според резултатите од анкетата што ја спроведе ohridnews.com, 42% од посетителите кои учествувале во неа, одговориле дека потрошиле неколку плати.

Цела плата потрошиле 26%, умерено трошеле 21%, додека 10% од испитануиците се изјасниле дека не се потрошиле за време на јануарските празници.

На анкетното прашање “Колку се потрошивте за јануарските празници“ учество зеле 247 посетители на веб страницата.