Охриѓаните Јахја Абдулхади Шкор, Оливер Дишлиевски и Александар Ѓорѓиески вечно ќе ја паметат последната рунда од сезоната 2017/18 во Првата македонска фудбалска лига, откако дебитираа во дресот на Вардар на гостувањето во Чаир кај тимот на Шкупи.

Абдулхади и Дишлиески родени се 1999 година и Ѓорѓиески кој е една година помал првите фудбалски чекори ги имаат направено во охридскиот огранок на Академија Пандев под водство на Агрон Мерко, а пред неколку години се преселија во Вардар и трпеливо работејќи во младинските категории ја дочекаа својата шанса за деби во првата екипа.

Поразот во Чаир од Шкупи 4-1 не значи ништо за охридското трио во Вардар, бидејќи ова е голем чекор и искуство за нив во предизвиците кои им престојат во „црвениот црниот“ дрес.

OhridNews