Ракометниот клуб Охрид триумфираше на првиот меморијален ракометен турнир кој се одржа викендов во Прилеп во чест на Миле Нешкоски.
Охриѓани до трофејот во Прилеп стигнаа победувајќи во сите три натпревари. Последната победа вредна титула „сините“ ја извојуваа против составот на Радовиш 26-23 (14-13).
Најпрецизен во охридските редови беше Јосип Кезиќ со шест погодоци. Пет реализираше пивотменот Един Вражалица додека по четири постигнаа Крсте Андоновски, Дарко Павловиќ и Малик Хогас. Во листата на стрелци се запишаа уште Горан Пенчековски (2) и Валентино Белевски (1).
На голот несовладлива пречка за ракометарите на Радовиш беше Кирил Колев кој имаше 14 успешни интервенции.
Трофејот од меморијалниот турнир во Прилеп наговестува возбудливи натпревари во „Билјанини Извори“ и добра сезона во Супер лигата.
Мх.П.