Несреќниот пораз од Тинекс Пролет ги потисна во долниот дел од табелата охридските ракометари. Со 12 бодови само три повеќе од последнопласираниот Куманово охриѓани се наоѓаат на седмата позиција.
Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски веќе седум натпревари незнаат за победа, а во тие претрпе пет пораз и двата успеаја да ремизираат.
Во последната рунда од есенската полусезона во Супер лигата охридските ракометари гостуваат кај „фенерџијата“ Куманово.
Бодовите од првиот натпревар одигран во Охрид им припаднаа на „гладијаторите“ победувајќи со 28-26.
Мх.П.