Со молитва за добар пат што се одржа во црквата Света Тројца во населбата „Радојца Новиќиќ“ охриѓани им поскаа среќа на дваесетина сограѓани кои ноќеска тргнаа пеш за Крушево каде ќе земат учество во одбележувањето на 104-годишнината од Илинденското востание.


молитва за добар пат

По тој повод синоќа  се одржа свеченост на која се обрати и градоначалникот на Охрид Александар Петрески кој рече дека Илинден е празник кој треба да го спојува македонскиот народ.


Илинден не треба да не разединува туку да не обединува-градоначалникот Петрески

Охридските „комити“ до Крушево ќе минат 102 километри пеш преку Куратица, Брежани, Илинска Црква, Мало Илино, Железнец, Деленци, Брезово, Зачле, Дивјаци и други села и места. Во Крушево се стигнува на 31 јули попладнето. На 2 Август тие ќе се  приклучат во одбележувањето на големиот национален празник и ќе бидат  предводница на коњаницата на свеченото дефиле.


102 километри пеш до Крушево

Годинава здружението на граѓани „Христо Узунов“  по јубилеен пети пат го организираат Илинденскиот марш. Традицијата започна во 2003 година на одбележувањето на 100 годишнината од Илинденското востание.

Г. Момироски