Боксерската федерација на Македонија ги прогласи екипните шампиони по старосни категориии – сениори, јуниори и кадети. БК “Охрид“ на крајот од годината мораше да се задоволат со едно второ и едно трето место.
Во кадетска кокуренција титулата државен првак ја освои екипата на “АС” од Прилеп со 64 освоени поени, пред скопски Тернипе со 58 и пред Баргала од Штип со 42 бода која го освои третото место.
Меѓу јуниорите, како најдобар спортски колектив со освоени 65 поени, триумфираше БК “Шкупи” од Скопје, второто место го освои екипата на Баргала -Штип со 50, а третото му припадна на БК “Охрид” со 12 поени.
Во категоријата која го привлекува најголемото внимание, кај сениорите, БК “Скопје” повторно се најде на победничкиот пиедестал со 71 бод, пред БК “Охрид” со 53 и прет БК “Баргала” од Штип со 43 бода.
Најуспешен клуб за 2009 година, е БК “Скопје” со освоени 895 бода, второто место му припадна на БК “Баргала” од Штип со 781, а третото на БК “Охрид” со 746 поени.
Во поединечна конкуренција, за најуспешен боксер во 2009 година очекувано бил прогласен нашиот супер “тешкаш” Примислав Димовски (+91 кг), кој на СП во Милано во Италија го освои 5. место, а два месеци потоа по 4. пат стана победник на “Златниот гонг”.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com