Ни малку пријатно не било викендов да си охриѓанец во Кавадараци. Домаќините лути на елиминацијата од полуфиналето од купот не бираа средства да го совладаат и омаловажат противникот. Не прекинувале вулгарностите од трибините, а често пати играчите заработувале и ситен бакшиш.


Охриѓани се разочарни од пречекот и односот за време на натпреварот и се прашуваат дали победникот на купот треба да се пречекува така. На неколку пати охриѓани на помош морале да ја бараат и полицијта.

Поголем линч за среќа охриѓани избегнаа отакако поради повреди десеткувани отпауваа и немаа сили да им паририат на домаќините. Да беа комплетни и не дај боже да победеа вистинско чудо ќе им требаше да го напуштат Кавадарци.


Најдебелиот крај во целата ситауција го извлече Дамјан Стојаноски кој во средината на вториот период по еден “ненамерен“ фаул заработи скршеница на носот. По интервенцијата на домашниот лекарски тим им било кажано дека не е ништо сериозно, за да потоа по контролата во Охрид биде констатирана фрактура на носот.

Жалосно е што на теренот на минатогодишниот шампион и освојувач на купот бевме пречекани на начин кој воошто не доликува на еден шампион коментираат “езерџиите“.

М.Постоловски