Селекцијата домаќин на 25-то Светско првенство во ракомет, Франција е фаворитот на охриѓани за освојување на златниот медал.
Повеќе од половина, односно 56 проценти од вкупните гласови имаат завршено на контото од „триколорите“. Фаворит број два на охриѓани е селекцијата на Хрватска која има 17% од гласовите, а потоа е Словенија со 11 проценти.
Во полуфиналните мечеви кои започнуваат денеска Франција ќе се сретне со Словенија, додека Хрватска силите ќе ги одмери со Норвешка.
OhridNews