Иако далеку од родниот Охрид, а со силно чуство на почит и благодарност кон чудотворната моќ на Свети Наум,охриѓани достоинствено го прославија празникот посветен на овој свететел и заштитник. Свеченоста директно беше пренесувана на охридското радио „Лав“, а во преносот се вклучија градоначалникот на Охрид Александар Петрески и новинарката Нина Кепеска.
Поздравна реч одржа Васко Ангеловски, а присутните во преполнатата сала ги поздравија вице конзулот на Република Македонија во Викторија господинот Гоце Пејовски иградоначалничката на Општина Виталси госпоѓата Мери Лалиос која е од македонско потекло. Во поздравниот говор господинот Пејовски изрази задоволство што присуствува на овај бал затоа што за него Охрид е најубавит град во Македонија и пошироко.
Градоначалничката Мери Лалиос исто така со нескриени емоции говореше за задоволството да се биде меѓу охриѓани.
Гостите беаа воодушевени од настапот на младите играорки од МКУД „Танец“ од Томастеон кои ја изведоа “Билјана платно белеше“. Кум за 2010 година беше младиот Михаил Деспотоски со своите родители, а за нередната година кум ќе биде господинот Иљо Ристески. За забавниот дел се погрижија групата „Амадеус“ и пеачот Фазли, а на свеченоста беа прикажувани видео спотови и промотивен материјал од Охрид што го презентираше Левко Србиноски, а настанот го документираше австралискиот портал „Информатор“.
На собирот беше упатена порака македонците да не заборават кои се и од каде се, и дека никој нема право и сила да одлучува за промена на името на македонците во Македонија и надвор од неа. „Нашиот корен е Македонското име и со него никој не смее да тргува истакна на свеченоста Васко Ангеловски.
Фото: Никола Ставрески