Кошаркарскиот клуб АВ Охрид денеска во „Билјанини Извори“ со почеток во 17 часот ќе дебитира во регионалната кошаркарска Втора АБА лига. Прв противник на охриѓани ќе биде тимот на Борац Чачак.

Охридските кошаркари јадранската пловидба ја најавија со сигурниот триумф против Струмица на гостински терен во домашниот шампионат и покажаа дека не се шегуваат сезонава.

– Нашиот настап во АБА лига ќе биде нов предизвик речиси за сите од нас во екипата. Ние на мечевите од АБА лигата ќе им пристапиме со многу внимание, бидејки иако се натпреваруваме ранг подолу, сепак противниците се квалитетни. Носени од победата во нашата лига сигурно ќе ја нападнеме победата, односно бодовите кои сакаме да останат во Охрид. – изјави Петар Чочороски.

Клубот од Охрид ги отвара вратите за сите љубители на кошаркарката и најавува неколку изненадувања во текот на сезоната во АБА лигата за најлојалните фанови.

OhridNews