На Драмскиот фестивал на аматерски театари во Кочани  (25-31 Мај), културниот центар “Медиа Артес“ се претстави со претставата “Волшебниот жезол” изработена од деца на возраст од 10-13 години.  


На фестивалот во Кочани беше презентирана методологијата  која “Медиа Артес“ ја спроведува веќе 10 години на интернационално и локално ниво, заснована на едукација методот кој во Европа се користи од 1965 година. Овој метод претставува систем преку кој на децата и младите им се зајакнуваат нивните општествени вештин како комуникација, доверба, самодоверба, емпатија и други многу важни демократски вредности кои за жал кај нас недостасуваат.


Во периодот од 1999-2009 година “Медиа Артес“ има  реализирано огромен број на проекти кои се процес ориентирани со траење од 3-9 месеци континуирано. Во овој период се одржани 648 дневни работилници, а со програмите на центарот се опфатени околу 1700 учесници.


 
“Медиа Артес“ има направено и многу интернационални размени со млади луќе во: Данска, Франција, Грција, Романија, Германија итн. Центарот располага со тренери-учители признати низ Светот и Европа.


“Медиа Артес“ е група од независни професионални театарски артисти посветени кон  зајакнувањето на артистите и младите луќе, кон развивањето на превземачки дух и чувство на општествена одговорност помеќу нив; промоција на креативноста и креативното изразување во општеството; промоција на културата како моќно средство за општествен дијалог, овозможување и стимулирање на препознавањето на културата како силен фактор за општествена трансформација; и развивање на нова публика.

Ohridnews