Охридските боксери Бојан Ристевски и Илчо Јоноски се пласираа во финалето на “Златниот Гонг“ во своите категории но не успеаа да победат.


Ристески во Велтер категоријата беше поразен од италијанскиот боксер Диего ди Луиса со 7:0., додека Илчо Јоновски ја предаде борбата во првата рунда при водство на шкотскиот боксер Калум Џонсон од 1:0.


Победник на Златниот Гонг во неговото 39-то издание e македонскиот боксер Примислав Димовски кој во финалната борба во супертешка категорија го совлада полскиот боксер Марцин Јержик со 8:2 на поени.

ohrinews