За охриѓани посебна чест е што се домаќини на младите европски кошаркарски селекции. Менаџерот на хотелот Силекс, Тошо Чочороски, каде се сместени репрезентациите на Шведска, Португалија, Унгарија и Бугарија, истакна дека е големо задоволството, но и голема одговорност да се угостат вакви реномирани репрезентации.

– Големо задоволство за нас преставува тоа што ние сме домаќини на селекциите кои се “тркаат“ за првото место. Ние во целост се прилагодивме на нивните барања, на нивните менија. За шампионатот овој пат одлучивме и трите оброка, доручек, ручек и вечера да им сервираме “шведска“ маса што наиде на добар одзив кај селекциите.  Посакувам да победи некоја од екипите кои што се сместени во нашиот хотел бидејќи тогаш и ние би се почувствувале како победници и би биле дел од нивниот успех – истакна Чочороски.

Задоволство има и кај водачите на репрезентациите.

Уживавме во опкружувањето овде , храната  е прекрасна, имаме неколку избори на месо,  овошје, зеленчук што мене лично но и на девојките им се допаѓа. Луѓето се доста пријателски расположени, ни се допадна хотелот, а голема предност е тоа што Охрид е туристичко место па луѓето овде доста го разбираат англискиот јазик што во голема маера ни ја олеснува комуникацијата – потенцираше селекторот на Шведска, Јоуламо
Португалците пак покрај европската храна, сакаат да тестираат  дел од специјалитетите на македонската кујна.

– Пробавме повеќе видови на храна, една е онаа таканаречена континетална која е адаптирана на потребите на селекциите, додека исто така пробав и традиционална македонска храна.  Вкусот овде во Македонија е различен од онај кај нас, пробав поленети пиперки, селско месо, макало, јадењето  беше малку зачинето, но во секој случај различно од Португалија. Секогаш кога имам можност се обидувам да пробам некое јадење кое е традиционално. Пофални зборови имам за македноското вино кое е одлично, ретките слободни моменти кои ги имам овде ги користам да се напијам чаша “Т`га за Југ“, луѓето во Охрид се навикнати на странски туристи и ние е чуствуваме навистина  добродојдени – рече португалскиот селектор.


Не бегаме од фаворитската улога

– Доста разговаравме за притисокот кој го носи фаворитската улога и во целост ја прифативме таа одговорност. Ја знаеме нашата сила, и секогаш гледаме да се фокусираме на нашата игра и да не размислуваме за нашите противници. Нас не ни е проблем да се носиме со тој притисок.  Има неколку репрезентации кои се силни и со кои очекуваме да се судриме во елиминациските натпревари, но без разлика која и да биде ние сме подготовени и за нас неважно е во која фаза од натпреварувањето ќе се соочиме со нив.  Во разговор со македонскиот селектор разбрав дека на Македонија и недостига Јелена Антиќ и дека тие се уште во раната фаза на развивање на репрезентација, важно е да се научи да се игра секоја година во Еворпа и да е учи од тежината на мечевите кои го носат тој предизвик – вели шведскиот селектор.

М.П.