За Нова година во Охрид се очекуваат над 10.000 гости, од кои најголем дел ќе бидат од соседна Србија. Туристичките агенции од Србија имаат резервирано голем број од хотелските капацитети во градот, а закупени се и цели ресторани, кафетерии и ноќни клубови.

Се бара место повеќе велат угостителите со кои разговаравме. Најголемиот дел гости од странство се Срби кои тука беа и минатата Нова година, за првомајските празници и за време на летото. Штом повторно доаѓаат значи биле задоволни од Охрид и тоа треба да не радува, вели Александар Силјаноски од кафе барот Баланс.

Иако се очекува угостителските објекти да бидат преполни, некои од нив не препуштаат ништо на случајот. Па така деновиве градот буквално е облепен со рекламен матерјал, а дел од угостителите истиот го испечатиле на српски јазик !


„Дочек Нове године“!?

Во битката за придобивање на гостите не е поштедена ниту една „погодна“ површина за рекламирање, но често пати тоа се прави на крајно несоодветни  места, што се граничи со добриот вкус. Па така плакати се лепат на билборди каде веќе има поствено реклама за што некој дебело платил, на дрва веднаш до некролози, па дури и на корпи за ѓубре….


необични места за рекламирање

Некој ќе каже дека целта ги оправдува средствата, ама премногу е !

Горан Момироски