Охридските ракометари на домашен терен со пресврт во вториот дел успеа да го совладаат Пелистер 21-19 (10-11) во седмата рунда од плејаутот во Супер лигата.

Домашниот состав лежерно го отвори мечот што гостинските ракометари немилосрдно го казнуваа со погодоци. Во првиот дел „зелено белите“ констатно имаа водство што на некои моменти изнесуваше и четири погодоци (7-3).

Охриѓани брзо се консолидираа и се вратија резултаски во игра до истекот на 30-та минута намалувајќи на (11-10).

Цврстата одбрана предводена од голманот Крсте Костески (11 одбрани) и нападот, кој се разбуди во вториот дел донесоаја резултатски пресврт со серијата од 8-1 (18-14).

По решавањето на победникот пред крајот на мечот охридскиот стратег Горан Андоновски им даде шанса на пионерите Мартин Ивановски и Наум Костов кои беа поздравени со аплаузи од охридската публика.

До финишот на овогодинешниот шампионат охриѓани ќе одиграат уште три натпревари од кој еден на домашен терен против Металург 2.

Р.К. Охрид : Костески (11 одбрани), Колев, Иваноски, Вешоски, Андоновски 2, Б. Белевски, Печенковски 3, Трифуноски, Тасески 2, Поп-Стефанија, Соколов 2, Новаковиќ, Костов, В. Белевски, Караиванов 6, Левов 6.

Р.К. Пелистер : Крстески (3 одбрани), Јованоски (9 одбрани), Николиќ (2), Дрогишки 8, Илиевски 5, Рајатовски, Вељаноски, Ѓоригиевски, Христов 2, Кузманоски 2.

Мх.П.