Старт со победа во новиот шампионат за охридските бели. Од жешкото гостување кај новакот во второлигашкото друшто, Кожув од Гевгелија, “белите“ се враќаат со полн плен.
Мининални но огромни 2-1 за охриѓаби кои со победа ја отвараат новата сезона во која влегоа со нескриени амбиции за влез во најелтиното друштво.
Охриѓани уште на самиот старт најавија дека се дојдени по трите бода. Одличната игра во првиот дел ј акрунисаа со головите на Клечкароски и Речкоски.
Добре дојдено за домаќините беше полувремето по кое се созедоа од шокот, но единствено што успеаа да направат беше почесниот погодок. Во последните минута комплетна опсада на голот на Абди која охриѓани успеаа да ја издржат.