Кошаркарите на АВ Охрид во Битола против Пелистер в сабота со почеток во 16 часот ќе ги продолжат мечевите во Првата кошаркарска лига. Охриѓани во пресрет на дуелот со „зелено белите“ во петтата рунда од шампионатот се засилија под обрачите ангажирајќи го Емир Зимиќ.

31-годишниот кошаркар со своето искуство акумулирано играјќи во клубови од Босна и Херцеговина, Словенија и Иран ќе биде од голема помош за стратегот на охриѓани Петар Чочороски. Исто така добра вест за „галебите“ е и враќањето во полн погон на Станислас Цонков кој паузираше десеттина дена поради повреда на препоните.

По четири одиграни мечеви АВ Охрид има половичен учинок од две победи и два порази, додека Пелистер се` уште сезонава се нема израдувано на победа во Првата лига.

OhridNews