Охридските бели го прекинаа постотот долг девет кола и со 4-1 го победија Влазерими за втора победа во шампионатот, прва на домашен терен. Победата над Влазерими значеше и испливување од дното за охриѓани кои под палката на Гоце Маркоски ја забележаа првата победа во третиот обид.
Триумфот на Охрид со 4-1 беше најубедливиот во 11 коло од Втората МФЛ, “рибарите“ со 11 постигнати гола го завземаат 11 место по ефикaсност во лигата, додека со примените 23 гола се на претоспледното место, единствено Влазерими примил повеќе гола од Охрид.
Натпреварот против Влазерми го одбележаа и погодоците на Китрозоски, Лескароски и Христов за кои ова беа први погодоци за Охрид годинава.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com