Охридските кошакари на гостувањето кај Босна Роја испуштија шанса за триумф, откако не го реализираа последниот напад за победа. Домаќините на крајот славеа со 84-82, а „галебите“ покажаа дека можат да бидат рамноправни со ривалите од Втората АБА лига.

– Конечно, одигравме добар натпревар без многу осцилации. Имавме шанса да го добиеме натпреварот, но не ја искористивме. Нема да ја навалиме главата, туку исправено ќе продолжиме понатаму. – изјави тренерот на охриѓани, Петар Чочороски.

Еден од најдобрите кошаркари во АВ Охрид, Емир Зимиќ го дели истото место со предводникот Чочороски. – Ни недостигаше концентрација во последните мигови од натпреварот кога се кршеше резултатот. Но, без разлика на поразот покажавме дека можеме и дека бројките на табелата не се реални. Сакам да им честитам на домашните кошаркари за победата.

Кошаркарите на АВ Охрид утре силите ќе ги одмерат со Теодо Тиват во заостанатиот меч од 17-та рунда, а веројатно во сабота гостуваат кај Гостивар во дерби средбата од Првата лига.

OhridNews