Охридскиот таекводно клуб Хваранг Фист имаше повеќе од успешен настап на Европскиот куп во ИТФ Таеквондо кој се одржа во Превеза , Грција на кој уцество зедоа повеќе од 200 натпреварувачи.


Охридскиот клуб кој беше единствениот македонски преставник учествуваше со 9 претставници во борби и тул (борба зо замислен противник), а освои 4 златни, 4 сребрени и 4 бронзени медали.

– И покрај лошата состојба на спортот во државава , со помош на локалната самоуправа и неколку добри луѓе од Охрид кои сеуште веруваат во вредностите на спортот учествувавме на Европскиот куп каде добивме посебна плакета за надминување на политиката и ставање на спортот во прв план – вели Ацо Јосифоски од “Хваранг Фист“.



Јосифоски ги истакна тековните проблеми со кои се соочуваат, потенцирајќи дека одговорните за развојот на спортот треба да имаат повеќе слух за спортистите.


– Жално е кога се трошат милиони денари за одржување на советувања за младите, за шетноста на дрогата, за малолетничкото насилство и криминал, а кога луѓето кои тоа го прават веќе 19 години, и чии уценици израснуваат во прекрасни млади луге кои потоа продолзуваат во доктори,професори И идни тренери,не мозат да добијат ни 5 денари од тие исти институции за остваруванјето на оваа цел. Жално е за една држава која има Светски и Европски шампиони во своите редови да ги заборави,а при тоа да се радува на успесите на  спортистите кои живеат на 10000 км од тука. Треба раководните лица да разберат дека спортистите ги добиваат сите битки, а тие сепак ја губат војната -заврши Јосифоски.

Ohridnews