Со новото засилување Горан Димитриовски и Борче Соколов, кој ја залечи повредата на раката во составот охридските ракометари ќе се сретнат против Преспа во Ресен. Почетокот на мечот од Супер лигата е закажан за 19 часот.
Поради повредата на носот нема да игра левото крило Крсте Андоновски додека останатите ракометари се подготвени да стават точка на серијата од три порази.
Судии на мечот од десеттата рунда во Супер лигата се гостиварчаните Зипевски и Ѓорговски.
Мх.П.