Се позајмив од пријателите. Зедов кредит. Ја потрошив целата заштеда…Ова се само дел од одговорите на родители кои го надминале семејниот буџет за организарање семејна веселба по повод матурата на своето дете.

Свечени ручеци и вечери, дома или во ресторани кои не се разликуваат многу од свадба, скапа гардероба за дететето, се само дел од една поновата, лоша навика кај нас при прославата на матурата. Речиси никаде на друго место не можете да сретнете вакво трошење сметаат дел од луѓето вклучени во образованиот процес.

1111 испитаници (73%)на анкетното прашање на ohridnews одговориле дека се претерува со трошењето за матура, а само 8% или 116 испитаници одговориле дека треба да се троши бидејќи матурата е еднаш во животот. 172-ца испитаници сметатт дека треба да се троши умерено, а 113 дека матурата е демоде.

Во секторот за образование при локалната самоуправа сметаат дека се претерува со трошењето за матура. И самиот сум родител на матурант и знам што значи тоа. Време е да ги промениме навиките, вели Митре Вељаноски, советник за образование на градоначалникот. Тој се надева дека матурата во иднина ќе се прославува на еден нов, модерен и како што вели европски начин, како што тоа беше годинава кога охридските матуранти со танц на плоштадот заедно со своите врсници од 30-на европски градови ја прославија матурата.


танцот на  охридските матуранти на плоштадот

Иницијативи за промена во навиките има и кај средношколците.

Крајот на учебната година охридските средношколци денеска ќе го одбележат со рок концерт  во дворот на Гимназијата Свети Климент Охридски.На првата ваква завршна училишна забава што ќе се одржи во  20 часот, во дворот на Охридската Гимназија се очекува да дојдат неколку илјади средношколци од Охрид. Можеби е тоа еден нов почеток.

Г. Момироски