Македонското општество е крајно исполитизирано и затоа е сеедно кога има избори и колку трае изборната кампања, сметаат граѓаните на Охрид. На анкетното прашање на „Ohridnews“: „Дали 20 дена кампања се доволни за изборно претставување?“ – 442 читатели или 57% одговориле дека тоа  е сеедно зошто и онака сме крајно исполитизирани. 218 читатели или 28% сметат дека 20 дена се сосема доволни за изборно претставување, 96 читатели или 12% сметаат дека кампањата трае прекратко, а само 3% од читателите кои одговориле на анкетното прашање сметаат дека се потребни измени во Изборниот законик.

Кампањата за претседателските и локални избори 2009 година ќе започне на 2 март, а изборите ќе се одржат на 22 март.

ohridnews