Поради тоа што им истече регистрацијата, Капетанијата на пристаништата на 17 јули им изрече забрана за пловидба на охридските патнички бродови. Тие за лошите состојби во внатрешната пловидба ја обвинија охридската Капетанија од каде пак укажуваат дека постапиле согласно законот. Проблемот не беше надминат ниту по неколкуте средби на бродарите со министерот за транспорт и врски кој им укажа на обврската да извршат технички преглед и пререгистрација во единствениот овластен регистер на бродови за Македонија „Биро Веритас“, чии услуги за охридските се прескапи.
И покрај ваквите ставови бродарите неодамна отпочнаа преговори со претставништвото на „Биро Веритас“ во Белград, а дел од се подготвуваат да отпочнат со процедурата за регистрација на пловните објекти.