Охридскиот велосипедски клуб Еко-Дром ќе биде домаќин и организатор на првиот градски велосипедски фестивал Велофест 2010 – Охрид .


На фестивалот кој е прв од ваков тип во Македонија за време на свеченото дефиле учество ќе земat амбасадорката на кралството Холандија Симоне Филипини, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески , како и велоспидеската единица при МВР Охрид.

Фестивалот е отворен  за сите љубители на велосипедизмот без разлика на возраста, и дали сте активни со велосипед или не – велат од Еко-Дром.


Покрај свеченото дефиле, охриѓани ќе може да ја проследат и изложбата на која ќе бидат поместени најстар велосипед, уметнички велосипед, инсталации на велосипеди, уметност и дизајн, да слушнат велоспиедска музика, ќе ја прочешлаат историјата на македонскиот велосипедизам  и историјата на велосипедизмот во Охрид, а исто така ќе имаат моожност да погледаат и Велосипедски документарни филмови.

Првиот градски велосипедски фестивал Велофест 2010 – Охрид започнува во среда во 17 часот пред Центарот за култура Григор Прличев.

Ohridnews