Неколку часови после победата над Карпош Соколи со која обезбедија учество во Супер лигата, Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ги засили своите редови со Мирза Ахметбашиќ.
30-годишниот кошаркар ќе ја засили надворешната линија, откако остана дефицитарна после повредата на капитенот Антонио Донески.
Ахмебашиќ, денеска ги мина потребните лекарски прегледи, а клубот ги комплетираше потребните документи и со нов играч ќе ги стартува мечевите во Супер лигата.
Охридскиот кошаркарски клуб во првата силите ќе ги одмери со Работнички. Мечот се игра в недела во 17 часот.
OhridNews