Вчера во Културно – информативен центар „Култура 365“, беше претставено дел од творештвото на писателот Тоде Илиевски, под наслов „На планински патеки“.

За неговото литературно и писателско творештво, пред присутните говореше Смиле Наумовски-Брсјак, кој истакна дека поезијата на Илиевски е раскошна со разноликоста, а песните опфатени во неговите дела се со рационално изразување.

Рационалноста се наоѓа поткрепена во искуството од хауику поезијата, но и во шаховските проблемите кои го формираат начинот на размислување, што преоѓа и во начин на изразување. Со миниум потези со максимална вредност да се дојде до мат, односно во поезијата до поента. Потескиот јазик сам кажува за своите високи стандарди низ поезијата која ни ја понуди авторот.“ – истакна Наумовски.

Тој додаде дека поетската желба е дружење со исконското опкружување на човекот, недопредните предели на природата, што ни овозможуваат да се чувствува како една нераскинлива целина од универзумот.

Тоде Илиевски со празен ранец понесувајќи го товарот од некое силно чувство родено тука во градот, знае сам да замине во планинските височини и со нив да го сподели својот вознемир и за возврат да го добие утешниот и смирувачки шепот на ветрето од ридовите. Ова ќе ни го потврди една од неговите песни – Копнеж, и според мене една од најподатливите за тоа каква е неговата поезија и што е најзначајно во неа.“ – додаде Наумовски.

Писателот Тоде Илиевски изрази благодароност до сите присутни во КИЦ „Култура 365“, истакнувајќи дека му причинува задоволство што може да ги сподели неговите впечатоци со пријателите.

Песната „Копнеж“ е од средношколските денови, кога бев ученик во гимназијата „Св. Климент Охридски“. Таму заедно со Смиле бевме членови на литературната дружина и ете тој број на Јужен бран во која е објавена песната, љубоморно го чувал до денеска. Исто така, сакам да им заблагодарам на членовите на руско-македонското друштво.“ – истакна Илиевски, кој од неговиот пријател Наумовски доби примерок од песна машинопис, кој авторот ја отчукал во септември 1971-ва година.

Стихови од лирското остварување на Илиевски, пред присутните прочита м-р Лидија Размоска.

Инаку, Тоде Илиевски досега има издадено три книги поезија за возрасни и исто толку поетски збирки за деца. Автор е на книгата посветена на шаховските проблеми, а коавтор е на лексиконот на приватните библиотеки во Охрид и охридско. Учествувал во работата на редакциите „Јужен бран“, „Спизалит“, „Радосна вест“ и „Копнежи“, а бил главен и одговорен уредник на енигматските забавници „Клуч“ и „Ѕуница“. Исто така, застапуван е во антологии, избори и учебници.

O.T.